Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни субјекти


Демографија на претпријатијата, 2004-2008

среда, 26 јануари 2011


Новосоздадени и згаснати претпријатија, 2004 - 2008 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2004 година, 15.0% од активните претпријатија во Република Македонија чијашто главна дејност припаѓа во секторите на дејност од C/В до О/Љ (без секторот L/Ј и класата 74.15) се новосоздадени претпријатија, во 2005 година тој број изнесува 17.4%, во 2006 година 15.3%, во 2007 година 20.7% и во 2008 година 17.1%.

Во поглед на згаснатите претпријатија, податоците покажуваат дека во 2004 година вкупниот број на згаснати претпријатија чијашто главна дејност припаѓа во секторите на дејност од C/В до О/Љ (без секторот L/Ј и класата 74.15) изнесува 10.0% од вкупниот број на активни претпријатија во наведените сектори, во 2005 година 11.4%, во 2006 година 12.2%, во 2007 година 12.5% и во 2008 година 11.7%.

Гледано по сектори на дејност, податоците покажуваат дека најголем број како на новосоздадени, така и на згаснати претпријатија има во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата.

Податоците за структурата на новосоздадените и згаснатите претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата кои се категоризираат во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 659

е-пошта:  liljana.vlajik@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика