Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни субјекти


Демографија на претпријатијата, 2017

петок, 31 мај 2019


Новосоздадени претпријатија, 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година било регистрирано 6 321 новосоздадено претпријатие, што претставува 9.2 % од вкупно активните претпријатија во Република Северна Македонија чија главна дејност според Националната класификација на дејностите – НКД, рев. 2 припаѓа во секторите на дејност од Б до О[1]). Во однос на 2016 година, забележано е намалување на новосоздадените претпријатија за 11.4 %.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од новосоздадените претпријатија (30.2 %) се во секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а потоа следат секторот Преработувачка индустрија со 10.7 %, Стручни, научни и технички дејности со 10.6 % и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 10.3 %.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (72.3 %).

Згаснати претпријатија, 2017 година прелиминарни

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2017 година згаснале 8.5 %, односно 5 796 претпријатија.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од згаснатите претпријатија (36.8 %) се во секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Новосоздадени претпријатија 2012 – 2016 што преживеале во 2017 година

32.9 % од новосоздадени претпријатија во 2012 година сѐ уште биле активни во 2017 година. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија што припаѓаат во секторите Дејности на здравствена и социјална заштита (64.2 %), Стручни, научни и технички дејности (59.0 %).

Во 2017 година биле активни 50.2 % од новосоздадените претпријатија во 2013 година, 59.5 % од новосоздадените во 2014 година, 73.5 % од новосоздадените во 2015 и 82.2 % во 2016 година. Најголема стапка на преживување во 2012, 2013 и 2015 година имале новосоздадените претпријатија од секторот Дејности на здравствена и социјална заштита, во 2014 година новосоздадените претпријатија од секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување (без класа 64.20), а кај новосоздадените претпријатија во 2016 година тоа се претпријатијата од секторот Образование.



[1] ) (Секторите A, Љ, П и Р и класата 64.20 се исклучени)

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика