Новосоздадени претпријатија, 2008-2010 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2008 година, 17.1% од активните
претпријатија во Република Македонија чијашто главна дејност според Националната класификација
на дејностите - НКД Рев.2 припаѓа во секторите на дејност од B/Б до S/O (без секторите A/А, O/Љ,
T/П и U/Р и класата 64.20) се новосоздадени претпријатија, во 2009 година тој број изнесува 19.2%
и во 2010 година 16.8%.
Згаснати претпријатија, 2008 година
Во поглед на згаснатите претпријатија, податоците покажуваат дека во 2008 година вкупниот број на
згаснати претпријатија чијашто главна дејност според Националната класификација на дејностите
- НКД Рев.2 припаѓа во секторите на дејност од B/Б до S/О (без секторите A/А, O/Љ, T/П и U/Р и
класата 64.20) изнесува 11.7% од вкупниот број на активни претпријатија во наведените сектори.
Гледано по сектори на дејност, податоците покажуваат дека најголем број како на новосоздадени,
така и на згаснати претпријатија има во секторот "Трговија на големо и трговија на мало; поправка
на моторни возила и мотоцикли".
Податоците за структурата на новосоздадените и згаснатите претпријатија, според правната форма,
покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата кои се категоризираат во групата друштва
со ограничена одговорност и акционерски друштва.
Преживеани новосоздадени претпријатија, 2008-2009 година
Од вкупниот број на новосоздадени претпријатија во 2008 година, 81.3% преживеале во 2009 година,
а 70.1% во 2010 година. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените
претпријатија чијашто главна дејност според Националната класификација на дејностите - НКД
Рев.2 припаѓа во секторите на дејност Q/H "Дејности на здравствена и социјална заштита" (93.5%) и
D/Г "Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација" (85.7%).
Во 2010 година преживеале 81.5 % од новосоздадените претпријатија во 2009 година. Исто така,
најстабилни, т.е. со најголема стапка на преживување се новосоздадените претпријатија чијашто
главна дејност според Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2 припаѓа во секторите
на дејност Q/H "Дејности на здравствена и социјална заштита" (95.3%) и D/Г "Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација" (91.3%).