Новосоздадени претпријатија, 2011 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2011 година, 10.0 % од активните претпријатија во
Република Македонија чијашто главна дејност според Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2
спаѓа во секторите на дејност од B/Б до S/O (без секторите A/А, O/Љ, T/П и U/Р и класата 64.20), се новосоздадени
претпријатија.
Згаснати претпријатија, 2009 година
Во поглед на згаснатите претпријатија, податоците покажуваат дека во 2009 година, вкупниот број на згаснати
претпријатија чијашто главна дејност според Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2 спаѓа во
секторите на дејност од B/Б до S/О (без секторите A/А, O/Љ, T/П и U/Р и класата 64.20), изнесува 10.4% од
вкупниот број на активни претпријатија во наведените сектори.
Гледано по сектори на дејност, податоците покажуваат дека најголем број на новосоздадени, но и на згаснати
претпријатија има во секторот "Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и
мотоцикли".
Податоците за структурата на новосоздадените и згаснатите претпријатија, според правната форма, покажуваат
дека најголемо учество имаат претпријатијата кои се категоризираат во групата друштва со ограничена
одговорност и акционерски друштва.
Новосоздадени претпријатија во периодот 2008-2010 кои преживеале во 2011
Од вкупниот број на новосоздадени претпријатија во 2008 година, 60.5 % преживеале во 2011 година.
Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија чијашто главна дејност
според Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2 спаѓа во секторите на дејност Q/H "Дејности на
здравствена и социјална заштита" (90.8%) и D/Г "Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација"
(85.7%).
70.3 % од новосоздадените претпријатија во 2009 година преживеале во 2011 година.
Исто така, најстабилни, т.е. со најголема стапка на преживување, се новосоздадените претпријатија чијашто
главна дејност според Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2 спаѓа во секторите на дејност
Q/H "Дејности на здравствена и социјална заштита" (91.7%) и D/Г "Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација" (87.0%).
65.6 % од новосоздадените претпријатија во 2010 година преживеале во 2011 година.
Најстабилни, т.е. со најголема стапка на преживување, се новосоздадените претпријатија чијашто главна дејност
според Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2 спаѓа во секторите на дејност B/Б "Рударство и
вадење на камен" (91.7%) и Q/H "Дејности на здравствена и социјална заштита" (90.3%).