Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Северна Македонија во третото тримесечје од 2021 година - претходни податоци

вторник, 30 ноември 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 % и изнесува 5 065.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2021 година бележи  зголемување од 30.7 % во споредба со истото тримесечје од 2020  година и изнесува 7 209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува  -2 144, што значи, за  толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е за 11.7 % зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4 398 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 480 извештаи за разводите.



*Во прилог на ова Соопштение е и Табела 03 со корегираните претходни податоци во второто тримесечје од 2021 година.


  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика