Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Северна Македонија во второто тримесечје од 2022 година - претходни податоци

среда, 31 август 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022
година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2022 година бележи намалување од 33.4 % во споредба со истото
тримесечје од 2021 година и изнесува 4 760 умрени лица, а од нив 22 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од
бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од
2021 година и изнесува 2 670 бракови.
Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика