Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година,
е намален за 4.2 % и изнесува 3 968 живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2024 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото
тримесечје од 2023 година и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените
деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14.7 % во споредба со истиот период од
2023 година и изнесува 2 430 бракови.
Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23.9 % во
споредба со истиот период од 2023 година.