Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во четвртото тримесечје од 2016 година - претходни податоци

петок, 24 февруари 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2016 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 1.1% и изнесува 5 669 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2016 година бележи зголемување од 2.4% во споредба со истото тримесечје од 2015 година и изнесува 5 327 лицa, а од нив 55 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 342 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 15.4% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 2 922 бракови.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје од 2016 година е зголемен за 7.9% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 720 разведени бракови.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика