Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во второто тримесечје од 2017 година - претходни податоци

петок, 25 август 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје
од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.2% и изнесува 5205
живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2017 година бележи намалување од 6.1% во споредба со
истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4544 лицa, а од нив 54 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 661 лицe, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината бележи зголемување за 7,8 % во споредба со
истиот период од 2016 година и изнесува 3447 бракови.
Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување од 13,5% во споредба со истиот
период од 2016 година и бројот изнесува 436.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика