Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во првото тримесечје од 2018 година
- претходни податоци -


понеделник, 28 мај 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018
година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени
деца.


Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11.4 % во споредба со истото
тримесечје од 2017 година и изнесува 5 432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња.


Природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на
умрените лица.

 
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.3 % во споредба со истиот период од
2017 година и изнесува 2 532 бракови.


Во ова тримесечје се добиени 520 извештаи за разведените бракови.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 741

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика