Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Северна Македонија во четвртото тримесечје од 2019 година - претходни податоци -

четврток, 27 февруари 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.5 % и изнесува 5 103 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2019 година бележи намалување од 1.1 % во споредба со истото тримесечје од 2018  година и изнесува 5 152 лицa, а  од нив 32 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува  - 49, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 5.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3 381 брак.

Во ова тримесечје од 2019 година се регистрирани 592 разведени бракови.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика