Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Северна Македонија во првото тримесечје од 2020 година - претходни податоци -

петок, 29 мај 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 8.0 % и изнесува  4 191 живородено дете.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2020 година бележи намалување од 9.4 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 101 лице, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува -910, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 17.1 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 2 229 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 297 извештаи за разведените бракови.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика