Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението, прво тримесечје од 2011 година
-претходни податоци-


среда, 25 мај 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2011 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1.5% и изнесува 5 632 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2011 година бележи зголемување од 6.5% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 5 283 лица, а од нив 48 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 349 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.7% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 2 695 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во однос на истиот период од 2010 година и нивниот број изнесува 525.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика