Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија, трето тримесечје од 2011 година - претходни податоци -

петок, 25 ноември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2011 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.4% и изнесува 6 108 живородени деца.
 
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2011 година бележи намалување од 5.2% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 4 350 лица, а од нив 49 се умрени доенчиња.
 
Природниот прираст изнесува 1 758 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
 
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 11.8% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 4 641 брак.
 
Разведените бракови во третото тримесечје од годината бележат намалување во однос на истиот период од 2010 година и нивниот број изнесува 259.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика