Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во второто тримесечје од 2012 година
-претходни податоци-


вторник, 21 август 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје
од 2012 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 1,0% и изнесува 5 659
живородени деца.


Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2012 година бележи зголемување од 3,8 % во споредба со
истото тримесечје од 2011 година и изнесува 4 890 лицe, а од нив 51 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 769 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
бројот на умрените лица.


Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2,3 % во споредба со истиот период
од 2011 година и изнесува 3 497 бракови.


Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од
2011 година и нивниот број изнесува 473.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика