Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Во првиот квартал од 2010 зголемен бројот на живородените деца, а намален бројот на умрените лица
-претходни податоци-


среда, 26 мај 2010


Зголемен бројот на живородените деца
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првиот квартал од 2010 година, во споредба со првиот квартал од претходната година, е зголемен за 2.0% и изнесува 5 716 живородени деца.

Намален бројот на умрените лица
Бројот на умрените лица во првиот квартал од 2010 година бележи намалување од 4.3% во споредба со првиот квартал од 2009 година и изнесува 4 960 лица. Во однос на споредбениот период, и бројот на умрените доенчиња е намален за 27.4% и изнесува 53 умрени доенчиња.

Позитивен природен прираст
Во овој квартал од годинава е забележан позитивен природен прираст за 756 лица, што значи, бројот на живородените деца го надминува бројот на умрените лица.

Намален бројот на склучените бракови, а зголемен кај разведените бракови
Бројот на склучените бракови во овој квартал од годинава е намален во споредба со истиот квартал од 2009 година и изнесува 2 743 бракови.
Бројот на разведените бракови во овој квартал е зголемен во однос на истиот квартал од 2009 година и изнесува 467 разведени бракови.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика