Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Во II квартал од 2010 зголемен бројот на живородените деца и на
умрените лица
-претходни податоци-
четврток, 26 август 2010
Зголемен бројот на живородените деца
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал од 2010 година, во споредба со вториот квартал од претходната година, е зголемен за 3.9% и изнесува 6 088 живородени деца.
Зголемен бројот на умрените лица
Бројот на умрените лица во вториот квартал од 2010 година бележи зголемување од 3.0% во споредба со вториот квартал од 2009 година и изнесува 4 708 лица, а од нив 43 се умрени доенчиња.
Позитивен природен прираст
Во овој квартал од годинава е забележан позитивен природен прираст за 1 380 лица во споредба со истиот период од 2009 година, што значи, бројот на живородените деца го надминува бројот на умрените лица.
Зголемен бројот на склучените и разведените бракови
Бројот на склучените бракови во овој квартал од годината е зголемен за 2.2% во споредба со истиот квартал од 2009 година и изнесува 3 646 бракови.
Разведените бракови во овој квартал од годината бележат зголемување во однос на истиот квартал од 2009 година и нивниот број изнесува 370.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 816
е-пошта:
danica.mitkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика