Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Радиодифузна дејност во Република Македонија, 2012 година

четврток, 30 мај 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2012 година, во
Република Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 126 радиодифузери, од кои 68 емитуваат
радиопрограма, а 58 телевизиска програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 64 се трговски
радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.
Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма, емитувало вкупно 37 435
часа, од кои најголем дел или 62.5% се музичка програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма, емитувале вкупно 478 885 часа
радиопрограма, од кои најголем дел или 60.7% се, исто така, музичка програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 57 се
трговски радиодифузни друштва.
Јавното радиодифузно претпријатија кое емитувало телевизиска програма, емитувало вкупно 21 357 часа
телевизиска програма, од кои најголем дел или 13.9% се играна програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма, емитувале вкупно 441 225 часа
телевизиска програма од која најголем дел или 25.1% се играна програма.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 618

е-пошта:  tatjana.prosnjakova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика