Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Радиодифузна дејност во Република Македонија, 2015 година

вторник, 31 мај 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2015 година,
во Република Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 115 радиодифузери од кои 61 емитуваат
радиопрограма, а 54 телевизиска програма.


Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 57 се трговски
радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.


Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 37 490
часа, од кои најголем дел или 62.2% се музичка програма.


Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма емитувале вкупно 463240 часа радио програма,
од кои најголем дел или 63.2% се, исто така, музичка програма.


Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 53 се
трговски радиодифузни друштва.


Јавното радиодифузно претпријатиe кое емитува телевизиска програма емитувало вкупно 20712 часа
телевизиска програма, од кои најголем дел или 13.0% се играна програма.


Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 399454 часа
телевизиска програма, од која најголем дел или 25.3% се играна програма.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика