Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Култура
Во Република Македонија, во 2008 година, со радиодифузна дејност
се занимавале 116 радиодифузери
четврток, 11 јуни 2009
Според податоците на Државниот завод за статистика од добиените извештајни единици, во 2008 година, во Република Македонија со радиодифузна дејност се занимавале 116 радиодифузери, од кои 62 емитувале радиопрограма, а 54 телевизиска програма.
Од радиодифузерите кои емитувале радиопрограма, 4 се јавни радиодифузни претпријатија, а 58 се трговски радиодифузни друштва.
Според податоците, јавните радиодифузни претпријатија кои емитувале радиопрограма, емитувале вкупно 63663 часа радиопрограма од што најголем дел или 58.3% е музичка програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитувале радиопрограма, емитувале вкупно 436961 час радиопрограма од што најголем дел или 57.5%, исто така, е музичка програма.
Од радиодифузерите кои емитувале телевизиска програма, 2 се јавни радиодифузни претпријатија, а 52 се трговски радиодифузни друштва.
Јавните радиодифузни претпријатија кои емитувале телевизиска програма, емитувале вкупно 29337 часа телевизиска програма од што најголем дел или 23% е играна програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитувале телевизиска програма, емитувале вкупно 325320 часа телевизиска програма од што најголем дел или 28.3%, исто така, е играна програма.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 713
е-пошта:
marinam@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика