Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Култура
Радиодифузна дејност во Република Македонија, 2009 година
понеделник, 05 јули 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2009 година во Република Македонија со радиодифузна дејност се занимавале 135 радиодифузери, од кои 71 емитувале радиопрограма, а 64 телевизиска програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, 3 се јавни радиодифузни претпријатија, 67 се трговски радиодифузни друштва и една е непрофитна радиодифузна установа.
Според податоците, јавните радиодифузни претпријатија кои емитуваат радиопрограма, емитувале вкупно 52028 часа радиопрограма од кои најголем дел или 65% се музичка програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма емитувале вкупно 488882 часа радиопрограма од кои најголем дел или 59%, исто така, се музичка програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, 2 се јавни радиодифузни претпријатија, а 62 се трговски радиодифузни друштва.
Јавните радиодифузни претпријатија кои емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 26006 часа телевизиска програма од која најголем дел или 25% се играна програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 447994 часа телевизиска програма од која најголем дел или 28.9%, исто така, се играна програма.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 713
е-пошта:
marinam@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика