Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Радиодифузна дејност, 2010 година

четврток, 16 јуни 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, од добиените податоци од извештајните единици, во 2010 година со радиодифузна дејност се занимавале 119 радиодифузери, од кои 61 емитувале радиопрограма, а 58 телевизиска програма.

Од радиодифузерите кои емитувале радиопрограма, едно е јавно радиодифузно претпријатие, 59 се трговски радиодифузни друштва и една е непрофитна радиодифузна установа.

Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма, емитувало вкупно 37431 часа од кои најголем дел или 61.3% е музичка програма.

Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма, емитувале вкупно 433486 часа радиопрограма, од кои најголем дел или 60.6%, исто така, е музичка програма.

Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, едно е јавно радиодифузно претпријатие, а 57 се трговски радиодифузни друштва.

Јавното радиодифузно претпријатија кое емитува телевизиска програма, емитувало вкупно 20778 часа телевизиска програма, од која најголем дел или 16.9% е информативна програма.

Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма, емитувале вкупно 419392 часа телевизиска програма, од која најголем дел или 23.4% е играна програма.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 713

е-пошта:  slavka.trpkova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика