Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Радиодифузна дејност во Република Македонија, 2011 година

понеделник, 18 јуни 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2011
година, во Република Македонија со радиодифузна дејност се занимавале 135 радиодифузери, од
кои 69 емитуваат радиопрограма, а 66 телевизиска програма.


Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, едно е јавно радиодифузно претпријатие, 66
се трговски радиодифузни друштва и две се непрофитни радиодифузни установи.
Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма, емитувало
вкупно 37430 часа, од кои најголем дел или 61.3% се музичка програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма емитувале вкупно 499090 часа
радиопрограма, од кои најголем дел или 59.5%, исто така, се музичка програма.


Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, едно е јавно радиодифузно претпријатие,
а 65 се трговски радиодифузни друштва.
Јавното радиодифузно претпријатија кое емитува телевизиска програма, емитувало вкупно 21010
часа телевизиска програма, од која најголем дел или 14.7% се играна програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма, емитувале вкупно 484041
часа телевизиска програма, од која најголем дел или 26.2% се играна програма.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 618

е-пошта:  tatjana.prosnjakova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика