Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Индустрија





Индекси на индустриското производство, февруари 2025 година

среда, 02 април 2025


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2025
година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 99.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година,
во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 4.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 1.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.7 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на тутунски производи, Производство на облека, Печатење и продукција на снимени медиуми
(записи), Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи
од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на
метали, Производство на електрична опрема и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка
за 13.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.3 % и
Капитални производи за 12.1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на периодот јануари
– февруари 2024 година, изнесува 100.2.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика