Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, трето тримесечје од 2024 година

четврток, 28 ноември 2024


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на
процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите
на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои
се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните
договори.
Во третото тримесечје од 2024 година, во споредба со второто тримесечје од 2024 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1.2 %, трошоците за материјали се
зголемени за 0.2%, а трошоците за вработените се пониски за 4.1 %.
Во третото тримесечје од 2024 година, во споредба со третото тримесечје од 2023 година, трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 7.9 %, трошоците за материјали за
10.1 %, а трошоците за вработените за 2.6 %.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика