Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 104.1.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 0.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2023 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 90.2, додека во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на периодот јануари – јули 2022 година, изнесува 104.8.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 107.1.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 12.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и Капитални производи за 16.5 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2023 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 103.9, додека во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на периодот јануари – јули 2022 година, изнесува 102.4.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 102.9.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 28.3 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2023 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 85.6, додека во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на периодот јануари – јули 2022 година, изнесува 105.5.