Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството





Економски сметки во земјоделството по постојани цени, 2016 – 2021 година

петок, 09 јуни 2023


Пресметките на економските сметки во земјоделството по постојани цени се направени врз база на препораките
дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската
регулатива за економските сметки во земјоделството 138/2004.
Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, а потребата е да се разграничат
трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените. Според
ESA 95 (European System of Accounts), ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат само
на цените, а сите останати промени треба да бидат вклучени во волуменската компонента. Со тоа, сите останати
компоненти (физички карактеристики, начинот на продажба итн.) се земаат како волуменски, а не како ценовни
промени.
Волуменските и ценовните индикатори што се користени при пресметката на економските сметки во земјоделството
по постојани цени ги вклучуваат и промените во квалитетот. Ако производите се хомогени, волуменските промени
може да се проценат врз база на промените на количествата.
Податоците се однесуваат на периодот од 2016 до 2021 година и се врз база на претходната година.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика