Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, септември 2024 година

понеделник, 11 ноември 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се повисоки за 0.3 %, а на годишно ниво за 3.5 %.
Во септември 2024, во споредба со август 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.3 %, a се повисоки во секторите
Преработувачка индустрија за 0.3 % и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.1 %,
додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на
околината остануваат непроменети.
Во септември 2024, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторите Рударство и вадење на камен за 5.0 %, Преработувачка индустрија за
2.8 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14.3 % и Снабдување со вода; отстранување
на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.5%.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика