Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Животна средина





Трошоци за заштита на животната средина, 2022 година

понеделник, 11 септември 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7 840 633 илјади денари.

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.56 %), потоа на трошоците за постапување со отпад (29.96 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (24.94 %).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 64.76 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува  35.24 %.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 485 874 илјади денари, односно 57.21 %.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 42.36 % се наменети за инвестиции, а 57.64 % се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85.18 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика