Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ во 2022 година
изнесува 816 084 милиони денари и во однос на 2021 година е номинално зголемен за 11.9 %. Реалната стапка на
раст на БДП во 2022 година, во однос на 2021 година, e 2.8 %.
Најголемо учество на додадената вредност со 18.8 % во структурата на БДП во 2022 година имаат секторите: Трговија
на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за
сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2022 година, во однос на 2021 година, номинално порасна за 13.1 %, а во структурата на
БДП учествува со 84.6 %.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2022 година e 72.8 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2022 година изнесува 196 027 милиони денари.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 58.3 %, машините
и опремата со 32.0 %, а останатите инвестиции со 9.8 %.