Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики





Домашни претпријатија контролирани од странство (iFATS), 2020 година

среда, 28 декември 2022


Странска филијала претставува домашно претпријатие контролирано од нерезидентнa (странска) институционална единица. Статистиката на странските филијали ја покажува економската активност на резидентните претпријатија во земјата во кои странскиот капитал (од една или од повеќе земји) учествува во вкупниот капитал со над 50 %. Основна цел на овие податоци е да се прикаже учеството на овие претпријатија и нивното влијание во домашната економија.

Во 2020 година, 1 818, односно 3.1 % од вкупниот број активни  претпријатија (58 570) во рамките на нефинансискиот деловен сектор1), биле странски филијали - домашни претпријатија контролирани од странство. Тие ангажирале 19.9 % од вкупно вработените, реализирале 37.3 % од вкупниот промет, односно 32.4 % од вкупната бруто-додадена вредност во набљудуваниот опфат, што укажува на нивното значително влијание врз домашната економија.

Најбројни се оние во секторот Трговија на големо и мало и поправка на моторни возила (30.7 %). Најголем дел од вработените,  околу 80 %, се ангажирани од секторите Преработувачка индустрија (57.0 %), Трговија на големо и мало (13.7 %) и Информации и комуникации (8.8 %).  

Најголем придонес во додадената вредност на странските филијали имал секторот Индустрија со 57.1 % (Преработувачката со 42.2 %, Вадење на  руда и камен со 7.4 % и Енергија со 7.5 %), потоа Информации и комуникации со учество од 17.8 % и Трговија на големо и мало и поправка на возила со 14.2 %. 

Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји (77.0 %). Земјите членки на ЕУ контролираат 58.1 % од странските филијали, во кои се ангажирани 67.7 % од вработените и учествуваат со 66.7 % во додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија и Холандија со учество во додадената вредност по 14.4 %, Обединетото Кралство со 10.8 %, Германија со 9.0 % и Унгарија со 6.3 %. Нивното учество во вкупната додадена вредност на домашната економија1) изнесува 17.8 %, што значи дека вкупната додадена вредност е во толкава мера под контрола на претпријатијата со мнозински странски капитал.



1)НКД, рев. 2., сектор Б-Л; С95; освен сектор И - Финансиски и осигурителни услуги

 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика