Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, февруари 2025 година

петок, 28 март 2025


Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2025 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.7 % на месечно ниво и за 7.4 % на годишно ниво.

Во февруари 2025 година, во споредба со јануари 2025 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 %.  

Во февруари 2025 година, во споредба со февруари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 23.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика