Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ





Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2024 година

понеделник, 03 јуни 2024


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ
(БДП) во првото тримесечје од 2024 година е 1.2%.
Во првото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: Њ, О и П -Уметност, забава и
рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои
произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%, К и Л - Стручни, научни и
технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.5% и Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија
на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни
дејности со храна од 6.9%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-
домашниот производ изнесува 72.0%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа
зголемување во номинален износ од 0.5%.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во
основни средства ( во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика