Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос
на претходниот месец, изнесува 102.2, а индексот на цените на мало изнесува 102.0.
Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај
маслото и маснотиите за 20.2 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 12.9%,
свежото и разладеното овошје за 4.4 %, сирењето и урдата за 3.7 %, месото за 3.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата
и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2.3 %, пивото
за 1.9%, рибата и морските плодови за 1.7 %, кафето, чајот, какаото за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на
друго место за 1.3 %, лебот и житата за 0.8 %, жестоките пијалаци за 0.7 % и виното за 0.2 %.
Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт
за 46.6 %, туристичките аранжмани за 8.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за
4.3%, гасот за домаќинствата за 4.1 %, течните горива за домаќинствата за 2.6 %, чистењето, поправката и изнајмувањето
облека за 1.9 %, теписите и другите подни покривки за 1.8 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема,
големите алатки и опремата за 1.7 %, мебелот и покуќнината за 1.5 %, обувките за 1.3 %, цврстите горива за домаќинствата,
домашните миленици и сродните производи за 1.1 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, другите
апарати и производи за лична хигиена за 0.9 %, малите алатки и останатите додатоци, услугите за рекреација и спорт,
фризерските салони и центрите за разубавување за 0.8 %, текстилот за домаќинствата, големите електрични апарати за
домаќинствата, патниот патнички транспорт, игрите, играчките и хобијата за 0.6 %, терапевтските помагала и опремата
за 0.5 %, облеката, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 0.4 %, поправките и изнајмувањето на обувките,
поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на
сопствените превозни средства, рестораните, кафулињата и сл., накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %,
услугите за одржување и поправките на живеалиштето, фармацевтските производи, велосипедите, другите услуги за
опремата за сопствен превоз, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцеларискиот материјал и
материјалите за цртање и другите лични предмети за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај медиумите за снимање за 2.6 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.9 %, градините,
растенијата и цвеќињата и електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %.
Индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи зголемување од 10.5%,
а индексот на цените на мало бележи зголемување од 11.1 %.