Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 113.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Образование (19.5 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.3 %) и Јавна управа
и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (10.2 %), Административни и помошни
услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 61 569 денари.