Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година се издадени 287 одобренија за
градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари,
што е за 22.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 175 (61.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (16.7 %)
за објекти од нискоградба и 64 (22.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 287 објекти, на 157 (54.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (45.3 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 59 557 м2.