Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Деловни тенденции





Деловни тенденции во преработувачката индустрија, декември 2022 година

понеделник, 16 јануари 2023


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во декември 2022 година е намален за 0.3 процентни поени во однос на ноември 2022 година и изнесува 14.0, а во
однос на декември 2021 година е намален за 0.4 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2022, во однос на ноември 2022 година,
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се намалени во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2022 година е понеповолна во однос на
претходниот месец, а и во однос на декември 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2022 година изнесува 67.2 % од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот
на квалификувана работна сила со 21.7 %, недоволната странска побарувачка со 16.1 %, неизвесното економско
опкружување со 16.0 % и недоволната домашна побарувачка со 11.9 %.
 

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека  почнувајќи од јануари 2023 година, Државниот завод за статистика веќе нема да го спроведува истражувањето „Деловни тенденции во преработувачката индустрија“ и ова е последно соопштение од таа област.

 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика