Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Население





Живородени деца, умрени лица и миграции според градски и селски подрачја, по региони, 2021 година

четврток, 30 јуни 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија во градските подрачја
живородени се 11 224 деца или 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 424 или 39.8% деца се
живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со
38.9 % а најмало Источниот регион со 6.3 %.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја е 29.9 години, а во селските подрачја
28.4 години. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја е 28.3 години, а во селските подрачја 26.0
години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.3 години.
Во градските подрачја умреле 17 955 лица или 63.0 %, а 10 561 лице или 37.0 % умреле во селските подрачја. Најголемо
учество во однос на вкупното број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.6 %, а најмало Вардарскиот Регион
со 8.3 %. Во градските подрачја има 54 умрени, додека во селските подрачја 31 доенче.
Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја е 73.2 години, а во селските 73.3 години.
Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја изнесува -6 731 лице, a во селските подрачја
-3 137 лица.
Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 %
имаат преселбите од град во село, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %.
Во вкупните миграции на ниво на регион од град во село, најголемо учество има Источниот Регион со 49.2 %, додека
во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 52.2 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 1 296 лица, а најмало во Југoисточниот Регион,
односно -51 лице.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика