Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Деловни субјекти





Број на активни претпријатија, 2021 година - дефинитивни податоци -

петок, 24 март 2023


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на активните претпријатија во Република Северна Македонија, во 2021 година, изнесува 70 424.

Податоците за структурата на активните претпријатија по сектори на дејност покажуваат дека во 2021 година најголемо учество има секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 31.1 %.

Податоците за структурата на активните претпријатија според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82.5 % имаат претпријатијата со 1 до 9 вработени. Потоа следат претпријатијата без вработени или со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 7.3 %, па претпријатијата со 10 до 19 вработени со 4.6 %, потоа со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3.1 %, со 2.1 % учествуваат претпријатијата со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните претпријатија имаат над 250 вработени.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика