Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Попис на угостителските објекти





Попис на угостителските капацитети, 2016 - Први резултати

вторник, 14 февруари 2017


Пописот на капацитетите во угостителството се спроведе заедно со Пописот на капацитетите во трговијата на
мало, во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година, на целата територија на Република Македонија. Целта на
Пописот беше да се обезбедат податоци на ниво на целата земја за бројот, видот, големината, структурата,
просторот и вработените во угостителските објекти.
Во областа на угостителството, според првите резултати од спроведениот Попис, во Република Македонија
се попишани 4 948 капацитети и тоа: 4 378 угостителски објекти-дуќани и 570 објекти за сместување на гости.
Најголема концентрација на угостителски објекти има на територијата на Скопскиот регион каде што се
попишани 1 314 објекти или 26.6% од вкупно попишаните објекти на територијата на Република Македонија.
Општини со најголема концентрација на угостителски објекти се: Тетово 10.2%, Центар 7.8%, Куманово 5.2%,
Гостивар 4.9%, Охрид 4.8%, Битола 4.2%, Струга 3.8%, Карпош 3.5%, Чаир 3.2% и Прилеп 2.9%, каде што се
лоцирани вкупно 50.5% од угостителските капацитети во Република Македонија.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика