Skip Navigation Links
 Општи информации
 Информации за анкетирање на лица и домаќинства
 Информации за деловните субјекти
 Информации за субјектите на личните податоци

Информации за учесниците во статистичките истражувања

 

Општи информации

Правна основа за спроведување на статистичките истражувања
Статистичките истражувања се спроведуваат во согласност со член 26 од Законот за државната статистика и Програмата за статистички иструвањаза периодот 2013-2017 која ја носи владата на РМ.
Државниот завод за статистика ги спроведува следните статистички истражувања:
листа на статистички истражувања

Кои се даватели на податоците
Под даватели на податоци (извештајни единици) се подразбираат правните лица, физичките лица, органите на државната власт и домаќинствата кои во рамките на статистичките истражувања даваат податоци исклучиво за статистички цели.

Доверливост на прибраните податоци
Статистичка доверливост значи дека податоците кои се прибираат од извештајните единици преку статистичките истражувања или индиректно, од административни или други извори, се доверливи податоци и се користат исклучиво за статистички цели, што подразбира забрана за користење за нестатистички цели и нивно незаконско разоткривање.

Каде се објавуваат резултатите од статистичките истражувања

Резултатите од статистичките истражувања се објавуваат на веб-страницата (преку соопштенија, публикации во електронска форма, МакСтат базата на податоци) и преку печатени публикации.
За добивање на информации по е-пошта за најновите продукти на ДЗС можете да се регистрирате на следниот линк http://www.stat.gov.mk/emailIzvestuvanje.aspx.

 



© Државен завод за статистика