Принципи на заедничката политика за ревизија на европската статистика
Во овој Анекс се претставени принципите на политиката за ревизија на ЕСС кои треба да се применуваат при ревизија на податоците во Евростат и на ниво на ЕСС. Политиките за ревизија, во согласност со овие принципи, треба да се дефинираат на институционално и на ниво на област, имајќи ги предвид специфичните карактеристики на секој процес на производство кога станува збор за политиките за ревизија за одделни области.
Принципите претставени во овој Анекс се структурирани во две групи: општи принципи и принципи поврзани со процесот на производство на податоци на ниво на Евростат и на земјите-членки. Општите принципи имаат за цел идентификување на столбовите на збирот од принципи, дефинирање на неговиот опфат, границите и главните карактеристики. Втората група се состои од повеќе оперативни принципи кои се однесуваат на спроведувањето на политиките за ревизија на ниво на област.
Преземи го целиот документ „Анекс 1 - Принципи на заедничката политика за ревизија на европската статистика"
 
© Државен завод за статистика