Treguesit kryesor
|
Стапка на наталитет
(
2023)
:
9.2
живородени на 1000 жители
|
Стапка на природен прираст
(
2023)
:
-1.9
на 1000 жители
|
Вкупна стапка на фертилитет
(
2023)
:
1.48
живородени на една жена
|
Стапка на морталитет
(
2023)
:
11.0
умрени лица на 1000 жители
|
Стапка на смртност кај доенчињата
(
2023)
:
1.8
умрени доенчиња на 1000 живородени деца
|
Стапка на нупцијалитет
(
2023)
:
6.9
склучени бракови на 1000 жители
|
Стапка на диворцијалитет
(
2023)
:
1.0
разведени бракови на 1000 жители
|
Салдо на миграции
(
2023)
:
799
|
Стапка на смртност кај возрасните лица,(помеѓу 15 и 59 години), мажи
(
2023)
:
128.8
на 1000 жители
|
Стапка на смртност кај возрасните лица,(помеѓу 15 и 59 години), жени
(
2023)
:
66.2
на 1000 жители
|
Стапка на смртност на деца под 5 години
(
2023)
:
2.4
на 1000 живородени
|
Стапка на неонатална смртност
(
2023)
:
0.9
на 1000 живородени
|
Население
(
2023)
:
1 826 247
|
|
Nocione dhe shpjegime
|
Живородено дете - Живораѓање е комплетно исфрлање или вадење на производот на зачетокот од телото на мајката, независно од траењето на бременоста, кој по тоа одвојување дише или покажува други знаци на живот како отчукувања на срцето, пулсирање на папочната врвца или јасни движења на мускулите, без разлика дали папочната врвца била пресечена или е плацентата поврзана.
Мртвородено дете - Ако детето е родено или извадено од телото на мајката без никакви знаци на живот, т.е не дишело, ниту покажувало други знаци на живот (чукање на срцето, движење на мускулите), носено 28 и повеќе недели, се смета за мртвородено.
Природен прираст на населението - разлика меѓу бројот на живородените деца и бројот на умрените лица за определен временски период.
Стапка на наталитет - претставува однос меѓу бројот на живородените деца и просечниот број на населението на средината на годината за која се пресметува, пресметана на 1000 жители.
Стапка на природен прираст - покажува разлика меѓу живородените деца и бројот на умрените лица во однос на просечниот број на населението на средината на годината за која се пресметува, пресметана на 1000 жители.
Вкупна стапка на фертилитет - го покажува веројатниот просечен број на живородени деца што би ги родила една жена од набљудуваната генерација, во фертилниот период (15-49 години), под услов на исто влијание на специфичните стапки на фертилитетот, како и во набљудуваната година, без влијание на морталитетот.
Стапка на морталитет - го покажува соодносот на бројот на умрените лица во текот на целата година и просечниот број на население (на средината на годината) за таа година, пресметана на 1000 жители.
Стапка на смртност кај доенчињата - претставува сооднос на бројот на умрените доенчиња во текот на целата година и бројот на живородените деца во истата година, пресметана на 1000 живородени деца.
Умрено лице e секое живородено лице кај кое настанало траен престанок на сите витални функции.
Умрено доенче е дете што умрело пред да ја наврши првата година од животот.
Брак е заедница на живот на маж и жена уредена со закон, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.
Разведен брак е раскината брачна заедница со правосилна пресуда од надлежен суд.
Стапка на нупцијалитет - го покажува соодносот меѓу бројот на склучените бракови во текот на една година и бројот на населението на средината на истата година, пресметана на 1000 население.
Стапка на диворцијалитет - го покажува соодносот меѓу бројот на разведените бракови во текот на една година и бројот на населението на средината на истата година, пресметана на 1000 население.
Внатрешни миграции ги опфаќаат промените на местото на живеење во рамките на Република Македонија.
Надворешните миграции ги опфаќаат движењата на граѓаните на Република Македонија од Република Македонија во друга држава и обратно, како и движењето на странците.
Салдо на миграции на населението претставува разлика меѓу бројот на доселени и бројот на отселени лица на одредено подрачје или држава во одреден период.
Граѓаните на Република Македонија се лица со македонско државјанство и регистрирани со место на постојано и/или привремено живеалиште/престојувалиште во Македонија.
Граѓани на Република Македонија се жителите на Македонија што се лица со македонско државјанство и се сметаат како население на Македонија.
Странец е
- Лице со странско државјанство и со дозвола за постојан или за привремен престој во Република Македонија,
- Лице со странско државјанство и со валидна дозвола за работа или бизнис-виза што има регистрирано привремен престој во Република Македонија,
- Лице без основано државјанство или без државјанство што има регистрирано постојан или привремен престој во Република Македонија
|