Skip Navigation LinksНасловна Методологии

  Методологии

 
Систем на национални сметки, 2008

Почитувани корисници,

Државниот завод за статистика, со цел да го популаризира Системот на национални сметки како меѓународна стандардна статистичка рамка, ја објавува оваа методологија на македонски јазик.

Сметаме дека преводот ќе овозможи хармонизација на терминологијата и објаснувањето на економските категории што се употребуваат во стручната и во научната јавност, а особено меѓу статистичарите.

Особено треба да се истакне залагањето на Државниот завод за статистика во напорите за хармонизирање и усогласување на статистиките со меѓународните стандарди и овој чекор за обезбедување на превод на оваа можеби најобемна методологија е во контекст на тие напори.

Изразуваме особена благодарност кон Обединетите нации кои го овозможија преводот на македонски јазик како грант за земјата.

На сите корисници им напоменуваме дека користењето на преводот е под режимот на меѓународните норми од областа на авторското право и другите сродни права кои ги применува Организацијата на Обединетите нации која ја има објавено публикацијата System of National Accounts 2008 во оригинал, за и во име на Европската комисија,Меѓународниот монетарен фонд, Организацијата за економска соработка и развој, Обединетите нации и Светската банка. Злоупотребата, препечатувањето и неовластеното публикување се казнуваат во согласност со Законот за авторско право и други сродни права и Кривичниот законик на Република Македонија.



 Систем на национални сметки, 2008



 
  Обрасци за давателите на податоци


© Државен завод за статистика