Методологија за статистичките истражувања од областа на
растителното производство
Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, во согласност со Законот за
државна статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/97, 21/07, 51/11, 104/13,
42/14, 192/15, 27/16, 83/18 и 220/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.
31/20), како овластен орган за утврдување на методологиите за статистичките истражувања, го
објавува ова Методолошко упатство за спроведување на статистичките истражувања од областа на
растителното производство ЗЕ-22, ЗЕ-32, ЗЕ-33 и ЗЕ-23.
Во овој методолошки материјал се опфатени сите релевантни елементи за дефинирање и
организирање на овие статистички истражувања и е наменет за сите учесници во реализацијата на
овие истражувања, како и за корисниците на добиените податоци.

|