Методолошки објаснувања за секторизација на деловните субјекти според институционален сектор
Државниот завод за статистика, следејќи ја потребата за усогласување на пресметките во националните сметки со новата методологија на Европскиот систем на сметки ЕСС 2010, го подготви документот Методолошки објаснувања за секторизација на деловните субјекти според институционален сектор. Во овој документ се наведени подетални објаснувања за институционалните сектори и потсектори како што се дефинирани во Националната класификација на институционалните сектори.
Од гледна точка на употребата, овие Методолошки објаснувања ќе ги користат носителите на статистичкиот систем во земјата. Oд тие причини, методолошките објаснувања се изготвени во соработка со Народната банка на Република Македонија, како и со Министерството за финансии и Централниот регистар.

|