Во периодот од 9-10 мај 2016 година, Државниот завод за статистика (ДЗС) беше организатор на студиска посета на тема „Управување со квалитет“ за претставници од Заводот за статистика на Република Србија. За време на посетата, експертите во Државниот завод за статистика ги презентираа своите искуства и достигнувањата на неколку теми: користењето на рамките за управување со квалитетот, пресметување на индикаторите за квалитет, пополнување на референтни метаподаточни структури (кориснички и продукциски ориентиран извештај за квалитет), статистичкиот бизнис процес модел и негова имплементација во ДЗС, користење на ДЕСАП алатката за самооценување и идните планови на тема управување со бизнис процесите. Гостите од Република Србија искажаа задоволство од презентираните теми и споделените искуства со надеж дека ваквиот тип на соработка ќе продолжи и во иднина.