Скопје, 25.06.2019 - Конференцијата на европски статистичари (КЕС), во која членува Република Северна Македонија, ќе биде домаќин на 67-та пленарна седница во Париз од 26 до 28 јуни 2019 година.
Националните статистички организации (НСО) насекаде во светот сè повеќе мора да иновираат и да експериментираат со алтернативни извори на податоци за да им ги обезбедат на своите граѓани различните видови информации кои им се потребни за да донесат одлуки за кои се информирани. Пленарната седница на КEС е една од можностите кога меѓународното тело на статистичарите може да споделува и да учи. Два семинара особено ќе го свртат вниманието кон овие клучни предизвици.
Првиот, Новата улога на НСО како заводи за статистика и податоци, ќе се фокусира на управувањето со податоците дискутирајќи за тоа како НСО може да го зголемат нивното влијание и да ја зголемат довербата во системите на податоци низ целата влада, да споделат стручност и да покажат нови начини за поттикнување заедници и организации кои се темелат на податоци. Воведниот говор на семинарот ќе го одржи Анил Арора, Главниот статистичар на Канада.
Вториот, Нови извори на податоци – Пристапност и употреба, во вид на соработка помеѓу Швајцарија и САД, ќе се фокусира на можностите и предизвиците при користењето нови извори на податоци. Користењето административни податоци може да го намали товарот на давателите на податоци и да ги зголеми навременоста, ефикасноста и квалитетот на статистиката.
Соработката помеѓу меѓународната заедница на НСО не е нова, ниту пак нивното индивидуално и колективно влијание врз општеството. Националните статистички заводи обезбедуваат точни и непристрасни мерки за економската и социјалната кондиција на една земја – неопходна алатка за транспарентност и одговорност и, во крајна линија, за функционирањето на демократијата.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПЛЕНАРНАТА СЕДНИЦА, 2019 година.
Посетете го следниов линк: http://www.unece.org/index.php?id=48575
Повеќе информации:
Фиона Вилис-Нуњез (Fiona Willis-Núñez)
Статистички оддел
Обединети нации – Економска комисија за Европа
Е-пошта: fiona.willis-nunez@un.org
Тел: +41 22 917 12 71