Денес, 15.01.2025 година, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со кој се утврдува рамката во која се реализира соработката меѓу страните за работи од заеднички интерес базирана на искористување на внатрешните потенцијали на двете институции во насока на постигнување заеднички интереси во сегментот на енергетиката, рударството и минералните суровини.
Двете институции ќе соработуваат во согласност со законските рамки и заеднички утврдените потреби, преку одржување на заеднички состаноци, присуство на конференции и учество на обуки и курсеви, организирани од едната или другата страна.
Со оваа соработка, двете институции ќе разменуваат податоци и информации, ќе спроведуваат заеднички анализи и ќе обезбедуваат релевантни податоци за енергетскиот и рударскиот сектор со цел носење на релевантни одлуки базирани на докази. Целта е да се подобри енергетската ефикасност, одржливоста и економскиот развој на државата, како и да се зголеми транспарентноста и достапноста на податоците за јавноста.