Во рамките на традиционалната соработка на Државниот завод за статистика и Средното економско училиште „Јане Сандански“ од Битола, денес, гости на Заводот беа ученици од III година, заедно со нивните професори.
За учениците беше подготвена презентација за улогата и значењето на статистиката, дејноста на Државниот завод за статистика, начините и методите на прибирање на податоци, видовите статистички истражувања и излезните резултати од истражувањата, односно дисеминационите продукти на Заводот и неговата веб-страница.
Соработката на Државниот завод за статистика со средношколските институции продолжува и во иднина со организација на вакви предавања во Заводот, но и преку Едукативниот караван кој ги посетува средните училишта низ Република Македонија.